четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Орбан го прифати вонредниот план на ЕУ за ограничувањата на поторошувачката на гас

Орбан го прифати вонредниот план на ЕУ за ограничувањата на поторошувачката на гас

Унгарија го прифаќа вонредниот план на Европската унија за ограничување на потрошувачката на гас, изјави премиерот Виктор Орбан.

„Европското единство е важно, затоа го прифаќаме, бидејќи земјите-членки се подготвуваат за дополнително намалување на испораките на руски гас“, изјави денеска Орбан.

„Прифаќаме одлука што е неповолна за нас и ќе се обидеме да ја спроведеме со најмала можна штета“, рече Орбан на брифинг за медиумите во Виена по средбата со неговиот австриски колега Карл Нехамер, пренесува Ројтерс.