Унгарските премиер Виктор Орбан денеска изјави дека убедливата победа на парламентарните избори му дала силен мандат да ги ограничи правата на мигрантите и да се бори за Европска унија која ја сочинуваат независни земји наместо „Обединети држави на Европа“.
Орбан на првата прес конференција за новинарите откако го освои третиот мандат по ред на изборите во неделата, а четврти од 1998 година, најави дека ќе формира нова, која како што кажа во голем број нови луѓе и нова струткура.
-Добивме силен мандат. Унгарскиот народ ги дефинираше најважните прашања, тоа се прашања за имиграцијата и националниот суверенитет, кажа 54 годишниот премиер, кој заедно со својата партија Фидес во текот на кампањата се фокусираше на потребата да се стопираат миграциите.
Партијата Фидес освои двотретинско мнозинство во парламентот, а Орбан смета дека од резултатите на изборите „потполно е јасно“ дека Унгарците одлучиле дека само тие можат да одлучат со кого сакаат да живеат во земјата, а владата како што кажа ќе се држи до тоа.
Унгарскиот премиер, кој е познат по противењето на длабоките интеграции во рамките на Европската унија, кажа дека изборите исто така е одлучено дека унгарската влада мора да се залага за Европа, која ја сочинуваат различни држави, а не „Обединети држави на Европа“. Во исто време тој најави дека ќе негува подлабоки односи со Полска и германската држава Баварија, затоа што директно ја поддржаа неговата кандидатура за нов мандат.
Портпаролот на Фидес, Јанош Халас најави дека во понеделник новиот состав на унгарскиот парламент би можел да усвои законот, со кој на владата ќе и се овозможи да ги забрани невладините организации кои ја поддржуваат миграцијата и претставуваат „ризик по националната безбедност“. Споменатиот закон, исто така би овозможил странските донации на невладините организации кои го поддржуваат доаѓање мигранти во Унгарија, да бидат даночени 25 проценти.
Таков закон беше дел од изборната кампања на Орбан и неговата артија Фидес, а чија мета како што наведува Ројтерс бил американскиот финансиер Џорџ Сорос. Орбан нацртот на тој закон го предаде во парламентот уште во февруари.