понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осомничен за нападот во Париз е обвинет во Белгија

Осомничен за нападот во Париз е обвинет во Белгија

Еден од преживеаните осомничени за нападите во Париз во 2016 година, Салах Абдеслам е осуден во Белгија за пукање кое довело до негово апсење.

На Абдеслам му е судено во Белгија за пукање на полицијата на 15 март 2016 година, четири месеци по нападот во Париз во кој беа убиени 130 луѓе.

Инаку, ова е прв пат сеуд да одлучува за судбината на еден член на група екстремисти кои го нападнаа Париз.

Абдеслам беше пронајден од страна на полицијата заедно со Софијан Ајари, додека една личност која тогаш пукаше врз полицијата беше убиен. Во пукањето ранети се четворица полицајци, од кои еден потешко. Сепак двајцата успеаја да побегнат на полицијата.

Три дена подоцна Абдеслам беше фатен во Брисел.

Таа полициска рација го забрза факањето на Абдеслам, кој тогаш беше најбараниот човек во Европа. Тој е уапсен на 18 март 2016 година во Моленбек заедно со Ајари.

Белгиските обвинители бараа затворка казна од 20 години за двајцата, наведувајќи ги како причина терористичките врски и пукањето врз полицијата.

28-годишниот Абдеслам е Французин со мароканско потекло, поранешен ситен деликвент од бриселскиот кварт Моленбек.

Абдеслам во Франција е клучниот осомничен за нападите на 13 ноември 2015 година. Истрагата покажала дека таа ноќ тој и уште тројца бомбаши самоубијци биле пред Стад де Франс во Париз.

Тој требал да изведе самоубиствен напад, но истрагата покажа дека неговиот појас бил дефектен. Абдеслам исто така е осомничен дека преку балканската европска рута кон крајот на 2015 година довел десет екстремисти.

Меѓу нив бил и Софијан Ајари кој придружил кон Исламска држава во Сирија во 2014 година.