петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осомничениот за нападот врз Пол Пелоси, сакал да ја земе Ненси како заложник

Осомничениот за нападот врз Пол Пелоси, сакал да ја земе Ненси како заложник

Мажот обвинет дека со чекан го претепал сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, откако насилно влегол во нивниот дом, се заканил дека како заложник ќе ја земе и ќе ѝ ги скрши колената, се наведува во кривичната пријава поднесени во понеделникот.

Наводните намери на Дејвид Вејн ДеПапе, објавени се откако сојузните обвинители го обвинија 42-годишниот маж за напад и обид за грабнување со провала во петокот во мугрите во домот на семејството Пелоси во Сан Франциско.

Неколку обвиненија се подигнати одвоено пред Врховниот суд на Сан Франциско, вклучително и за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, провалување, злоставување на стари лица и закана кон јавен службеник, објави окружната обвинителка Брук Џенкис за новинарите.

Осумдесет идвегодишната Ненси Пелоси, од Демократската партија, која е во втората линија за заменик на американскиот претседател, во време на нападот била во Вашингтон. Нејзиниот, исто така, 82-годишен сопруг Пол Пелоси, извршен директор на компании за недвижнини и ризичен капитал, за кого се вели дека челничката на Претставничкиот дом често и лобира, е хоспитализиран додека закрепнува од скршеница на черепот и повреда на десната рака. Лекарите очекуваат целосно заздравување.

Инцидентот, кој обвинителката Џенкинс го нарече „политички мотивиран“ без да даде докази и објаснување, поттикна стравови за партиско екстремистичко насилство пред изборите на средината на мандатот на 8-ми ноември. Според анкетите, се очекува дека републиканците ќе ја преземат контролата врз двата дома на Конгресот, но тире стравуваат од изборни манипулации, па се создаде една од најжестоките и најполаризани кампањи во историјата на САД.

Како една од највисоко позиционираните демократи во Вашингтон и долгогодишна претставничка на едно од најнеолибералните американски градови, Ненси Пелоси поради нејзините акции и вербални напади врз политичките напади, често и самата беше цел на критики и напади од конзервативците. Беше пријавено дека нејзиниот кабинет бил ограбен во текот на упадот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година од приврзаниците на тогашниот републикански претседател Доналд Трамп кои и денеска сметаат дека му е украдена победата на претседателските избори во полза на демократот Џо Бајден.