Акцијата за спасување на децата и нивниот тренер во Тајланд е продолжена утринава, а според најновите информации спасено е и уште три деца, со што вкупниот број на спасени досега е осум.
Некаде после 13 часот беше потврдено дека спасено е шестото дете.
Како што јави Си-Ен-Ен околу половина час после шестото спасено било и седмото дете.
Повикувајќи се на очевидци од влезот во пештерата Си-Ен-Ен јави и дека е спасено осмото дете.
Во пештерата останаа уште четири деца и тренерот, за кои надежта дека ќе излезат живи е се поголема.
Инаку, акцијата за денеска е завршена и продолжува утре.