Русите синоќа побрзаа во Мекдоналдс откако компанијата објави дека се повлекува од Русија.
На социјалните мрежи се проширија снимки од колони автомобили пред продавниците на руските Мекдоналдси, како и фотографии од редови луѓе кои чекаат на студ да дојдат до Биг Мек додека можат.
In #Russia, people lined up at McDonalds pic.twitter.com/TQtsxndibi
— NEXTA (@nexta_tv) March 8, 2022
Мекдоналдс вчера објави дека привремено ги затвора сите 847 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени, а непрофитната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ ќе продолжи да работи.