Лансирањето на првото човечки управувано вселенско летало на компанијата „SpaceX“ е откажано – петнаесет минути пред планираното полетување поради лошите временски услови, објави НАСА.
Астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли веќе беа во капсулата, а американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, како и потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга дојдоа да го следат историскиот настан.
Следниот обид е закажан за сабота во 3:22 часот по локално време.