понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откриена мрежа за производство на лажни вести од Индија и Пакистан

Откриена мрежа за производство на лажни вести од Индија и Пакистан

Невладината организација “ЕУ Дисинфо Лаб“ разоткрила мрежа од над 250 веб сајтови чија цел е да се дезинформира европската и меѓународната јавност за конфликтот помеѓу Индија и Пакистан околу Кашмир.

Извештајот, објавен вчера, објаснува дека откритието е направено благодарение на работата на Европската служба за надворешни работи која посочи неодамна дека веб сајтот “ЕП Тудеј“ е про-руска платформа која шири дезинформации, но дека форматот на сајтот е таков што изгледа како да припаѓа на Европскиот Парламент.

Поаѓајќи од таму, невладината организација започнала истражување и дошла до цела мрежа на веб сајтови во 54 земји и кои систематски “го критикуваат Пакистан“ и шират дезинформации за конфликтот помеѓу оваа земја и нејзиниот моќен сосед, Индија, околу регионот Кашмир.

Невладината организација нагласува и дека во оваа мрежа е инволвиран член на Европскиот економски и социјален комитет, бидејќи тој негува “блиски односи“ со оваа мрежа.

Целта, според ЕУ Дисинфо на организаторите на оваа мрежа е да “допрат до оние кои одлучуваат во Брисел, без да може да се пронајдат организаторите на оваа манипулативна мрежа“.

-И тоа им успеа, изјави Александар Алафилип, извршен директор на невладината, кој смета дека повеќе европратеници се засегнати.