недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откриени детали за убиството на ќерката на милијардерот: Убиецот оставил последна порака на Фејсбук

Откриени детали за убиството на ќерката на милијардерот: Убиецот оставил последна порака на Фејсбук

Во Окланд започна судењето за убиството на британската туристка Грејс Мелејн за кое обвинет е 26-годишниот Џеси Кемпсон.

Грејс исчезнала на 1. декември од луксузниот хотел во Окланд, а нејзиното безживотно тело е пронајдено во недела. Кемпсон е татко на едно дете, а на судењето изгледал пропаднато и не проговорил ни збор.

На судењето се откриени и некоие детали кои ја разоткриваат мистеријата за исчезнувањето на младат Британка инаку ќерка на градежен милијардер Дејвид Мелејн.

Откриено е дека Кемпсон ја контактирал Мелан по пат на друштвените мрежи.

Тој на нејзиниот Фејсбук оставил и последна порака во која напишал дека таа е прекрасна личност која зрачи, само неколку минути пред да исчезне.

Телото е пронајдено на планина, а се претпоставува дека таму го однел со изнајмена црвена „Тојота“, која ја вратил на 3. декември.

Мотивот за убиството се уште не е познат. На судењето се појавиле и дедото на Џеси и бабата на убиецот.