Мажот кој беше уапсен во петокот откако се оттргна од редот на ожалостени луѓе и го допре ковчегот на кралицата Елизабета во Вестминстерската палата, вознемирувајќи ги и полицијата и присутните, се однесувал „чудно“ и „чекал 14 часа за да се приближи“ блиску до ковчегот.
Полицајците веднаш го „заковаа“ човекот на подот, откако тој претходно истуркал луѓе во редот – вклучително и седумгодишно девојче – во обид да стигне до ковчегот во центарот на салата во Лондон, пред да го допре ковчегот на кралицата, дури успевајќи да го подигне и кралското знаме со кое е обвиен ковчегот.
Метрополитен полицијата соопшти дека инцидентот се случил околу 22 часот, бидејќи преносот во живо од внатрешноста на салата бил накратко прекинат. Службениците потврдија дека еден маж е уапсен во Вестминстерската сала под сомнение за прекршување на јавниот ред и дека останува во притвор.
Очевидци го опишаа однесувањето на човекот како „чудно“, за време на подготовките за погребот на кралицата. Говорејќи за MailOnline, Џон Вилијамс, кој беше во редот со „сторителот“ пред да се случи инцидентот, изјави:
„Бевме во редот 14 часа од почеток до крај, а тој беше веднаш пред нас. Го забележавме како се оттргна. И тој беше забележителен затоа што додека повеќето луѓе во редот разговараа меѓу себе и комуницираа, тој не правеше ништо. Видов неколку луѓе до него како се обидуваа да разговараат, но тој изгледаше повлечено“.
„Стигна до ковчегот и посегна кон знамето, не се обиде да го повлече од она што го видов. Како што реков, луѓето беа шокирани. Она што ме изненади е тоа што чуварите не се поместија да реагираатт… Тие оставија се на полицијата“, продолжи тој.
Друг сведок опиша како една жена „врескала“ кога го видела мажот како трча кон ковчегот.
„Го видовме во редот, тој беше таму од самиот почеток и во текот на целиот ден, беше сам. Кога влеговме во салата бевме на врвот од скалите кога се случи инцидентот. Една госпоѓа викаше додека тој брзаше кон ковчегот. Луѓето, сепак, останаа мирни и продолжија да чекаат“.