Според официјалниот извештај, принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, починал од старост. Палатата Бакигем претходно објави дека војводата од Единбург „замина мирно“ на 9 април, во замокот Виндзор, без да открие детали за неговата смрт.
Британските медиуми сега имаа пристап до официјалните извештаи во кои се наведува дека принцот Филип починал од старост и дека нема други болести или повреди што влијаеле на трагичниот исход.
Во извештајот не се споменува дури и проблемот со срцето, поради кој принцот Филип беше опериран на почетокот на годината, кога мина скоро еден месец во болницата. Медиумите наведуваат дека лекарот може да ја наведе возраста како причина за смрт во случај пациентот да има над 80 години и да се влоши општата состојба на пациентот.
Да потсетиме, војводата беше пуштен од болница во март, а последните денови ги помина со кралицата во замокот.
Тој беше погребан на 17 април, а неговите најблиски го испратија на вечно почивање.