Езерото Рупкунд е сместено високо на Хималаите и на прв поглед изгледа како секое планинско езеро.
Меѓутоа, ако го посетите кога ќе се стопи мразот и водата ќе се повлече, ќе ве дочека страотна глетка.
Езерото и подрачјето околу него се преполни со човечки коски, поради што е наречено Езеро на скелетите или Езеро на смртта.
Научниците со години се обидувале да одгатнат кои се луѓето чии остатоци се најдени и која била причината за нивната смрт. Новата ДНК анализа ги донела чекор поблиску до сознанието, но истовремено создала и нови загатки.
Малечкото езеро е длабоко само два метра и главно е прекриено со мраз и со снег. Само понекогаш, кога доволно ќе се стопи, неговата смарагдна површина може накратко да се види.
Кога планинскиот ренџер Мадвал поминал крај одмрзнатото езеро, се скаменил од страв бидејќи езерцето било полно со скелети. Од зелената вода ѕиркале коски од рацете и од нозете, а секаде наоколу пливале черепи.
На брегот од езерото лежеле и коњски костури.
Оттогаш за судбината на костурите кружеле разни теории, а повеќето експерти се согласиле дека ги убила некаква природна катастрофа.
Меѓутоа, научниците неодамна дошле до поинаков заклучок.
Анализирани се вкупно 38 костури, па се покажало дека некои од нив навистина имаатазиско потекло и дека умреле во периодот меѓу седмиот и десеттиот век, но се покажало и дека 14 костури им припаѓале на луѓе кои имале медитеранско потекло и кои умреле 1000 години подоцна.
„Фактот дека костурите што ги пронајдовме потекнуваат од источниот дел на Медитеранот, особено од денешна Грција, покажува дека ова езеро не привлекувало само локалци, туку и луѓе од други краеви на светот. Тешко е да се поверува дека секое лице чиј костур се наоѓа во езерото умрело на ист начин“, рекол за Дејли мејл биологот Харнеј.
Никој од 38-те луѓе чии костури биле анализирани не биле во сродство, а сите припаѓале на разллични периоди.