Ли Ситинг, претседател на компанијата „Шензен миндреј био-медикал електроникс“ е најбогатиот човек во Сингапур.
Неговото богатство месечно се зголемува за една милијарда долари откако вредноста на акциите на неговата компанија за производство на медицински апарти, меѓу кои и респиратори, се зголеми за речиси 50 проценти откако се појави пандемијата со новиот коронавирус.
Вредноста на „Шензен миндреј био-медикал електроникс“ од почетокот на годината, според податоци на „Блумберг“ се зголеми од 4,3 милијардио на 13,5 милијарди долари.
Ли е роден во кинеската провинција Анхуи, но од 2018 година живее во Сингапур.
Компанијата соопшти дека само од Италија примила нарачка за околу 10.000 респиратори, но не соопшти колку чини еден респиратор.
За разлика од производството на медицински маски, за респираторите потребна е висока технолошка специјализација.