вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оваа сторија ќе ви ги разбуди сите емоции: Мало девојче поминало 4 дена само во шума, погледнете како ја најдоа и што прво побара (ВИДЕО)

Оваа сторија ќе ви ги разбуди сите емоции: Мало девојче поминало 4 дена само во шума, погледнете како ја најдоа и што прво побара (ВИДЕО)

Петгодишно девојче од Русија е спасено откако поминало четири дена изгубено во шумата. Зарина Авгонова се изгубила во руската тајга кога тргнала да ја придружува бабата, која отишла да собира печурки.

Спасувачите се плашеле дека Зарина се удавила затоа што шумите во областа Нижни Новгород имаат длабоки ровови и брзи реки. Иако кучињата не можеле да го намирисаат девојчето, спасувачите имале среќа да ги видат нејзините траги на земјата.

На едно место нејзините траги се прекрстувале со стапала на мечка, па спасувачите се загрижиле дека мечката можеби го нападнало девојчетоа. Тие ги повикале вооружените ловци да ги држат мечките и волците во шумата подалеку.

Била организирана масовна потрага по девојчето, а биле поведени и жени затоа што Зарина, како што рекле нејзините членови на семејството, се срами и се плаши од мажите.

На четвртата ноќ од потрагата, спасувачите успеале да ги следат нејзините стапки и наскоро во еден куп гранки го виделе исплашеното девојче. Зарина била исцрпена и дехидрирана, па веднаш јадела храна што спасувачката екипа ја донела со себе.

-Нејзиниот глас беше толку слаб што мислевме дека е птица, рекол волонтерот Алексеј Макаров за „Комсомолскаја Правда“.

-Ние наредивме сите да молчат и ја замоливме Светлана, девојката што беше со нас, да ја повика Зарина. Светлана ја повика, а Зарина одговори „еве јас сум“.Ние се движевме кон гласот. И тресејќи се како столб, таа беше изгребана и со модринки. Нејзината кошула беше мокра. Ја прашав „дали се плашиш“ а таа рече “не“. Потоа ја прашав „што ти треба“, а таа ми рече „торта и малку вода“, рекло девојчето.

Алексеј ја подигнал Зарина и ја носел во раце до селото. Тој коментира дека тоа е многу силно девојче.

Зарина била пронајдена на околу километар и половина од нејзиното село Степановка. Таа од шумата со хелихоптер била пренесена во болница.