сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оваа жена е олицетворение на ѓаволот: Ужасни работи им правела на своите деца, а од тоа што го правела со кучињата-ќе ви се слоши

Оваа жена е олицетворение на ѓаволот: Ужасни работи им правела на своите деца, а од тоа што го правела со кучињата-ќе ви се слоши

Денеска почна судењето на Mарта Крауч од Ново Мексико, мајка на 15 деца.

Марта е обвинета за измачување на своите 15 деца. Таа е обвинета и поради тоа што живи ги сварила малите кученца, домашни миленичиња на децата во голем лонец.

Обвинителството ја товари за злоставување на децата и екстремна бруталност кон животните, како и за попречување на истрагата. За време на истрагата едно од децата рекло дека мајка му пукала во неговата рака со сачмарка, додека го фрлал сметот.

На ќерката и ставалa дебел синџир и три години ја чувала врзана за креветот, зашто многу јадела, а постарата ќерка, која била бремена, ја тепала додека не абортирала.

За да не ги пријават децата во полиција, мајката од пеколот и таткото ги плашеле дека ќе ги земат од социјалните служби и ќе ги силуваат.