Лидерот на Либерално-демократската партија на објави дека досега примил шест дози вакцини против коронавирусот.
„Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирусот. Првата доза на ‘спутник В’ ја примив на почетокот на септември 2020 година“, изјави Жириновски за „Спутник“, нагласувајќи дека досега примил шест дози против Ковид-19.
„По неколку месеци, нивото на антитела се намали и лекарите ми препорачаа да примам бустер доза. Примив ‘спутник лајт’“ изјави политичарот.
Потоа, на крајот на летото 2021 година, примил уште две дози од вакцината „ковивак“ од Центарот „Чумакова“.