недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падна авион во Русија, има загинати – oва се првите снимки, на терен ангажирани 47 спасувачи (ВИДЕО)

Падна авион во Русија, има загинати – oва се првите снимки, на терен ангажирани 47 спасувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа кога руски транспортен авион Ан-12, кој летал од Јакутск за Иркутск, се урна во Сибир.

– На местото на несреќата се пронајдени тела на четири лица и делови од телото на уште еден патник – изјави портпаролот на Министерството за вонредни состојби.

Авионот исчезна од радар денеска околу 14 часот и 50 минути по локално време. Официјални лица соопштија дека во авионот имало седум лица, пет членови на екипажот и двајца патници.

Набрзо беше објавено дека е забележана руина во пламенот во областа Иркутск, во шума недалеку од аеродромот.

Во меѓувреме, се појавија снимки на кои се гледа како пожарникарите се обидуваат да се справат со пожарот што предизвика авионска несреќа. Се обидуваат да го локализираат пожарот кој се проширил на околните дрвја, а горивото од авионот е расфрлано на 300 метри квадратни.

Најмалку 47 лица и 17 возила беа ангажирани во спасувањето на луѓето и гаснењето на пожарот.

Засега не е позната причината за падот на авионот, но се шпекулира дека се работи за дефект на леталото, а не е исклучено падот да се случил поради лошите временски услови.

Според Спутник, повикувајќи се на извори, се верува дека леталото е во сопственост на белоруската компанија „Гродно“. Од компанијата потврдија дека летаат за Русија, но дека ќе проверат дали станува збор за некој нивен авион.