вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Падна холандската влада поради спор околу мигрантите

Падна холандската влада поради спор околу мигрантите

Холандскиот премиер Марк Руте ќе поднесе оставка откако со коалициските партнер не успеа да постигне договор за мерките за сузбивање на миграциите.

Новинската агенција АНП, повикувајќи се на неидентификувани извори, објави дека четвртата коалициска влада на Руте се распаднала бидејќи по тридневни напнати преговори не успеала да се договори како да го ограничи бројот на лица кои бараат азил во Холандија.

Кабинетот на Руте не бил достапен за коментар.

Залагањето на конзервативната партија ВВД на Руте да го ограничи приливот на мигранти во Холандија ја подели неговата четирипартиска коалиција, откако двете помали партии одбиле да ги поддржат неговите предлози.

Марк Руте ја состави влада пред околу една и пол година, а веќе подолг период меѓу коалициските партнер постои спор околу емигрантите. Се очекува нови парламентарни избори да се одржат на есен.

Бројот на барања за азил во Холандија скокнал за третина минатата година, на над 46.000, а владата предвидува дека оваа година би можел да се зголеми на над 70.000, што е над претходниот максимум од 2015 година.