Словенечкиот претседател Борут Пахор кажа дека неговата држава ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан.
Пахор кажа дека во светлината на мирот и стабилноста лидерите во регионот мора да внимаваат да не ја влошат ситуацијата.
„Многу сум задоволен што Александар Вучиќ реши да ја посети Словенија. Го поканив за да размениме мислења за ситуацјата во Западен Балкан и Европа. Голема одговорност на државниците е да ја зајакнат економијата со своите постапки“, вели Пахор.