недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Паника на Мундијалот: Поради дојава за бомба евакуиран хотел во градот каде играа Хрватска и Исланд

Паника на Мундијалот: Поради дојава за бомба евакуиран хотел во градот каде играа Хрватска и Исланд

Полицијата евакуираше хотел во Ростов на Дон, во него не била сместена ниту една фудбалската репрезентација која е учесник на Светското првенство.

Како што пренесува Ројтерс, очевидцие навеле дека полицијата им кажала дека хотелот е евакуиран поради закана за бомба во него.

Како што соопшти ФИФА, во текот на првенството не било предвидено било кој фудбалски тим да биде сместен во тој хотел.

Инаку, во Ростов на Дон вчера се сретнаа репрезентациите на Хрватска и Исланд, а коцкестите победија со 2:1.