четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Паника во Брисел по дојава за поставена бомба

Паника во Брисел по дојава за поставена бомба

Околу 40 лица се евакуирани од зграда во близина на седиштето на Европска Унија во Брисел откако на компанија и била упатена закана за поставена бомба.

Портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кире изјави дека заканата е упатена по телефон на една консултантска канцеларија  поврзана со Европска Комисија.

Таа истакна дека заканата за поставена бомба сфатена е сериозно.

Поединечни делови од улиците се затворени, а полицијата користи и кучиња трагачи.