Папата Франциско во обраќањето познато како „Состојба во светот“ апелира до сите нации да го поддржат дијалогот со цел да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да се работи на правно обврзувачката забрана на нуклеарното оружје.
– Нукеларното оружје мора да биде забрането, изјави поглаварот на Римокатоличката црква, цитирајќи документ објавен од папата Јован Дваесет и трети за време на Студената војна.
Папата Франциско потенцира дека „не може да се негира дека пожарот може да почне случајно или во непредвидени услови“.
Апелот на папата до дипломатите е еден ден пред разговорите помеѓу Северна и Јужна Кореја, кои ќе бидат насочени на учеството на севернокорејските спортисти на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјеонгчанг.
Папата упати повик и за зачувување на статус кво на Ерусалим, откако претседателот на САД, Доналд Трамп кон крајот на минатата година донесе одлука за признавање за главен град на Израел.
Тој се осврна и на климатските промени, повикувајќи ги државите да го почитуваат Парискиот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.