Папата Франциско изјави денеска дека размислува за тоа кога е вистинското време да се повлече.
Тој го рече тоа на утринската молитва, а Ватикиан не го објави целиот текст од изјавата.
Папата се осврна на размислувањето на Свети Павле за тоа кога треба да се напушти своето стадо од обѕир кон другите, одлука која треба да ја донесат сите бискупи.
– Кога ќе го прочитам ова, размислувам за себе, затоа што и јас сум бискуп и јас ќе морам да заминам, изјави папата.
Воедно тој истакна дека пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесети ја „отворил вратата“ за повлекување папи во иднина.