вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Папата Бенедикт доби поддршка од кардиналот Милер во истрагата за сексуални насилства

Папата Бенедикт доби поддршка од кардиналот Милер во истрагата за сексуални насилства

Кардиналот Герхард Лудвиг Милер, истакнат член на Католичката црква во Германија, му даде поддршка на пензионираниот папа Бенедикт XVI, по извештајот во кој тој се обвинува за недолично однесување во врска со четири случаи на сексуално насилство, јави ДПА.

– Видете, го немам прочитано извештајот, но јасно ми е дека надбискупот Рацингер свесно не направи ништо лошо, изјави Милер, поранешен епископ од Регенсбург, во интервју за италијанскиот весник !„Кориере дела Сера“.

Наводите против папата Бенедикт, потсетува ДПА, се однесуваат на времето кога тој бил надбискуп на Минхен и Фрајзинг, меѓу 1979 и 1982. Тогаш тој бил познат како кардиналот Џозеф Рацингер.

Според Милер, повеќе се зборува за Рацингер, отколку за свештениците кои извршиле злосторства, додавајќи дека не е изненаден од тоа.

– Во Германија, но не само таму, луѓето сакаат да му наштетат на Џозеф Рацингер, наведува тој за весникот, инсинуирајќи дека Бенедикт е мета поради неговата православна позиција за католичката доктрина.

Околу критицизмот за тоа како сексуалното насилство било третирано во надбискупијата Минхен и Фрајзинг во времето на Рацингер, Милер одговори дека било очигледно дека ако имало грешки, Рацингер не знаел за тоа.

Според него, во тоа време ја немало свеста и протоколите што ги има денеска.

– Никој не знаеше што да прави, како да реагира правилно, во црквата и во граѓанското општество, заклучи Милер.