Папата Бенедикт беше поборник за донирање органи и со години носел донаторска картичка, но неговите органи не можат да се донираат по неговата смрт.
Џозеф Рацингер со години беше на списокот за донирање органи, но Ватикан официјално потврди во 2011 година дека на списокот го нема.
Имено, правилата се такви што неговата лична одлука за донирање органи престанала да важи откако станал папа во 2005 година.
– Точно е дека папата има донаторска картичка, но спротивно на јавното мислење, картичката што му била издадена во 70-тите станала неважечка со изборот на кардиналот Рацингер за папа,напиша тогаш долгогодишниот секретар на папата Георг Гансвајн во писмо што го испратил до германскиот лекар Гер Винкелман.
Самиот Рацингер често се залагаше за донирање органи.
– Да се дарува органи спонтано, со целосна свест и знаење, значи оживување на вистински и длабок чин на љубов кон ближниот, рече тој во говорот во 1999 година.
Од Ватикан велат дека со смртта на папата, неговото тело и припаѓа на Црквата и мора да биде погребано недопрено. Доколку органите на папата би биле донирани, тие би станале мошти во туѓо тело, во случај папата на крајот да биде прогласен за светец.