Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештениците кои малтретирале деца додека тој бил надбискуп на Минхен, се наведува во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) .
Според светските медиуми, папата Бенедикт Шеснаесетти бил надбискуп во периодот од 1977 до 1981 година, а овој извештај ги демантира неговите претходни тврдења дека не знаел ништо за скандалот.
-Тој бил информиран за сите факти, изјави адвокатот Мартин Пуш во Минхен, пренесува Си-Ен-Ен.