четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск испраќа контрола во Келн поради педофилија

Папата Франциск испраќа контрола во Келн поради педофилија

Папата Франциск ќе испрати контрола во најголемата германска надбискупија, во Келн, поради долгогодишните проблеми со скандалите околу сексуалното злоставување малолетници, соопшти денеска Светата столица.

„Претставниците на Светата столица во првата половина на јуни ќе се обидат да создадат детална слика за комплицираната пасторална ситуација во надбискупијата во Келн. Тие ќе ги испитаат можните грешки на кардиналот Рајнер Марија Воелки“, се наведува во соопштението од канцеларијата на папата Франциск.

Надбискупот на Келн, кардиналот Раинер Марија Воелки, со месеци се наоѓа на удар од критики поради неговиот однос кон процесот на расветлување на случаите на сексуална експлоатација на деца, правен од свештенството во оваа надбискупија.

Воелки прво со месеци го спречуваше објавувањето на првото стручно вештачење на оваа тема, повикувајќи се на правни сомневања, а потоа нареди и втор вештачење. Второто вештачење не го оптеретува директно него, туку други двајца бискупи кои биле активни во Надбискупијата во Келн за време на извршувањето на злосторствата врз малолетниците.

Кардиналите Андерс Арборелиус од Стокхолм и Јоханес ван ден Хенде од Ротердам се избрани за инспектори,кои ќе треба да ја испитаат ситуацијата во Келнската надбискупија.

Келнскиот надбискуп го поздрави нивното доаѓање.

-Го поздравувам фактот дека со оваа посета, папата Франциск сака да создаде соспствена слика за независното истражување за настаните во Келнската надбискупија, рече Воелки.

Тој изјави дека уште во февруари, детално го информирал папата за резултатите од вештачењето.