Папата Франциско денеска ја критикуваше растечката нееднаквост во богатството и третманот кон мигрантите, порачувајќи дека светот не би требало да ги игнорира оние „кои животот ги расфрла на сите страни“.
– Неправдата е изопачениот корен на сиромаштијата, истакна Папата по повод Светскиот ден на сиромаштијата.
Папата посочи дека „плачот на сиромаштијата секојдневно станува се посилен, но се послабо се слуша, загушен од вревата на малкубројните богаташи, кои се се помалку, а се побогати“.
Тој повторно ја истакна неговата поддршка за мигрантите, заклучувајќи дека луѓето мора да обрнат внимание на „сите оние кои се принудени да бегаат од нивните огништа и од родната земја поради неизвесната иднина“.