четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциско отпушти тројца кардинали, двајца обвинети за сексуално злоставување

Папата Франциско отпушти тројца кардинали, двајца обвинети за сексуално злоставување

Папата Франциско отпушти тројца кардинали од својот неформален кабинет, од кои двајца се обвинети за сексуално злоставување.

Како што соопшти Ватикан, папата во октомври испрати писма до чилеанскиот кардинал Хавиер Ерасуриз, австрискиот кардинал Џорџ Пел и конгоанскиот кардинал Лорен Монсенгве Пасиња, заблагодарувајќи им се за нивната служба.

Ерасуриз е обвинет во Чиле дека „им го чувал грбот“ на свештениците кои биле вклучени во скандал со сексуално злоставување, додека бил на позицијата надбискуп на чилеанската престолнина Сантијаго. Тој го демантираше тоа обвинение.

Пел е обвинет за сексуално злоставување и тој пред судот во Австрија  го демантираше обвинението.

Според соопштението од Ватикан, членовите на неформалниот кабинет на папата побарале од него во септември да размисли за составот на неговиот иден кабинет.

МИА