Папата Франциско го осуди убиството на Палестинците во близина на границата меѓу Појасот Газа и Израел и повика на дијалог, со цел да недвладеат правдата и мирот на Блиски Исток.
Тој нагласи дека „употребата на насилство нмикогаш не води кон мир“.
– Војната предизвикува војна, насилството предизвикува насилство, нагласи папата во молитва пред илјадиници луѓе и оцени дека насилството никогаш нема да донесе мир.
Папата Франциско ги повика двете страни и меѓународната заедница да ги удвојат напорите и да воспостават дијалог, правда и мир.
Папата Франциско во 2014 година го посети Израел и Палестинските територии.
Во протести на 14 мај, организирани поради дислоцирањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим израелската армија уби 58 Палестинци, а најмалку 2.700 се повредени.
МИА