Папата Франциско утрово беше пуштен од болница, девет дена по операцијата на абдоминална хернија.
Франциско (86) ја напушти римската болница Гемели во инвалидска количка, мавтајќи им на новинарите и добронамерниците на главниот влез додека го водеа до неговиот автомобил.
„Папата е добро“. Тој е во подобра форма отколку порано“, изјави Серхио Алфиери, главниот хирург кој го оперираше Франциско на 7 јуни, за новинарите пред болницата по заминувањето на папата.
Алфиери рече дека папата е доволно добро за да може да патува.