сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Парични текови: Еврото на минимум, криптовалутите во минус, рубљата вреди помалку од цент

Парични текови: Еврото на минимум, криптовалутите во минус, рубљата вреди помалку од цент

Еврото денеска се спушти до нивото на 21-месечниот минимум, поради загриженоста дека руската воена акција во Украина ќе го загрози европскиот раст, додека валутите поврзани со суровини достигнаа повеќенеделни максимуми покрај раст на извоните цени.

Единствената валута на еврозоната на азиските берзи, според последните достапни информации, се тргуваше на ниво од 1,1097 долари што е незначително над минимумот (1,1058), објави „Ројтерс“.

Еврото од почетокот на неделата е во пад од 1,5 отсто и на добар пат е четврта недела во низа да заврши во загуба во однос на американскиот долар.

Сметаме дека еврото е многу ранливо во моментната криза. На корпоративно ниво имаме мрежа на комплексни односи меѓу ЕУ и руските компании , особено во енергетскиот сектор. Цената на енергијата порасна, како и на многу земјоделски производи. Војната во Украина навестува уште поголема и долготрајна инфлација и можно забавување на европскиот раст, вели Џејн Фоли од „Рабобанк“, виш стратег за девизниот пазар.

И криптовалутите утрово во минус

И пазарот на криптовалите бележи минус во последните 24 часа.

Вредноста на биткоинот во последното деноноќие е во минус за 0,5 отсто и изнесува 43.574 долари. Етериумот, исто така, бележи пад за, речиси, два отсто и неговата вредност е 2.903 долари.

Пад денеска бележат и останатите криптовалути, освен ХРП која е во плус за 0,13 отсто.

Пад на рубљата

Руската рубња сега вреди помалку од 1 цент. Од понеделникот, рубљата падна за, речиси, 30 отсто и се тргуваше по 119 за еден долар.

Рубљата е во слободен пад по руските напади во Украина во изминатата недела. Дополнителен пад беше регистриран вчера, по објавата на Украина дека руски падобранци влегле во нејзиниот втор по големина град, Харков.