Парламентот на Ерменија денеска усвои закон кој ќе им овозможи на работодавачите да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против Ковид-19 или негативен резултат од тестот.
Новото правило следи по наредбата од август на Министерството за здравство со која се бара од ерменските граѓани да им достават на своите работодавачи доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест на секои две недели или ќе бидат казнети.
„Доколку работникот не достави потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19, работодавачот има право да го отстрани од работа, да му ја суспендира платата и да го отпушти доколку отсуствува 10 работни дена од работа поради таа причина, рече заменик министерот за труд и социјални прашања Рубен Саргсјан.
Тој прецизира дека новиот услов за вакцинација нема да важи за претседателот на земјата, премиерот, замениците, народните правобранители, судиите на Уставниот суд и другите функционери.
„Овој исклучок е воспоставен затоа што овие функции се или (институционални), како што е случајот со замениците или нивните носители се именувани во согласност со Уставот“, рече Саргсјан.