петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пашинјан се согласи да се сретне со Алиев во Москва

Пашинјан се согласи да се сретне со Алиев во Москва

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека се согласил да се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 25 мај во Москва. Разговорите ќе се одржат со посредство на рускиот претседател Владимир Путин во услови на тензии меѓу двете кавкаски земји.

„Добивме предлог од Русија да организираме трилатералеа состанок на највисоко ниво на 25 мај, со посредство на рускиот претседател. Го прифативме предлогот“, рече Пашинјан на седницата на Владата.

Азербејџанскиот претседател се уште не го потврдил своето присуство.

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан утре треба да се сретнат во Москва во рамки на мировните преговори.

Земјите имаат несогласување за контрола на Нагорно-Карабах,територија во која главно живеат Ерменци и која се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 90-тите години.