Пијани мажи кои со авион на компанијата Рајанер, на 29-ти јуни патувале од англискиот град Манчестер за Задар, предизвикале доцнење на летот, бидејќи беснееле, ги игнорирале упатствата на екипажот и повраќале меѓу седиштата.
Патниците на летото кој инаку трае три ипол часа почнале да прават проблеми, па предизвикале доцнење. Како што пишува Манчестер ивнинг Њуз, летот од терминалот број три требало да одлета во 17:40 часот, меѓутоа на крајот полетал во 19:23 часот. Во Задар слетал во 23 часот.
Меѓу 70 патници на споменатиот лет се нашле и 24-годишната Анета Жуков нејзиното момче, 32-годишниот Пјотр Несан, кои рекле дека повеќето патници патувале на фестивалот Хард Ајланд кој од 7-ми до 11-ти јули се одржува на плажата Зрче на островот Паг.
Непристојното однесува на патниците е снимено, како што пишува Дејли Мејл, а на снимките може да се види како патниците урлат еден на друг, додека еден повраќа по себеси и поминува низ седиштата.
Жукопв рекла дека патниците не сакале да се врзат со сигурносните појаси и дека за време на емитувањето на пораките за сигурност урлале едни на други.
„Како да бев во жунгла со животни“, напишала Жуков.