Авион на компанијата „Бритиш ервејс”, кој требаше да лета до Дизелдорф, слета во Единбург по грешка, објави БиБиСи.
Причината за кардиналната грешка е неправилно доставување на документацијата за летање. Патниците сфатиле дека не слетале на местото за каде тргнале, дури откако чуле дека ги поздравуваат со „Добредојдовте во Единбург“.
Летот беше пренасочен, а подоцна авионот слета во Дизелдорф. Авиокомпанијата го испитува случајот.
„Се извинуваме на нашите клиенти за оваа пауза при нивното патување и ќе се обратиме кон секого поединечно”, посочија во официјалниот став од „Бритиш ервејс”.
Сé уште не е познат бројот на патници за Дизелдорф. Од компанијата додаваат дека пилотот го насочил курсот кон Шкотска, откако од воздушната контрола му ги дале таквите инструкции.
Поголем дел од патниците се пожалија на социјалните мрежи.