недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пелегрини назначен за премиер на Словачка

Пелегрини назначен за премиер на Словачка

Претседателот на Словачка Андреј Киска денеска го назначи Петер Пелегрини за премиер со цел да стави крај на политичката криза, предизвикана од убиството на новинарот Јан Куциак, што доведе до масовни протести и оставка на Роберт Фицо

Владејачката партија СМЕР го избра Пелегрини, 42-годишниот заменик-премиер, за наследник на Роберт Фицо, за да може да се одржи трипартитната влада до крајот на нејзиниот мандат.

Исто така, го избра непартискиот кандидат Томас Дракер да го води Министерството за внатрешни работи и да ги задоволи барањата на демонстрантите и претседателот Киска да назначи лице кое ќе обезбеди независна истрага за убиство на Куциак.

Киска го отфрли првиот предлог на Пелегрини за министер за внатрешни работи и вчера рече дека не е целосно задоволен од предложената влада, но дека стигнал до границите на неговите претседателски овластувања.

Откако шефот на државата му врачи на Пелегрини указ за назначувањето, започна постапката за именувањето министри.

Новата влада, формирана по оставката на кабинетот на премиерот Роберт Фицо, мора да ја претстави својата програма до Националниот совет (Парламентот) во рок од 30 дена. Новиот кабинет ќе биде ставен на гласање за доверба.