понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пелоси за иранските беспилотни летала: Тоа е опасна технологија која мора да се запре

Пелоси за иранските беспилотни летала: Тоа е опасна технологија која мора да се запре

САД ќе продолжат да и помагаат на Украина без оглед на резултатите од претстојните избори во САД, изјави претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во Загреб. На 8 ноември Американците излегуваат на гласање за Конгресот, што би можело да го промени односот на силите во Претставничкиот дом и Сенатот. Доколку републиканците ја преземат контролата, аналитичарите веруваат дека Вашингтон може да ја запре или намали помошта за Украина.

„Нашата поддршка нема да престане“, рече Пелоси на прес-конференцијата со премиерот Андреј Пленковиќ. Демократскиот лидер додаде дека Киев има поддршка и во двете партии и во двата дома на Конгресот и дека таа поддршка започнува од Белата куќа. Пелоси истакна дека американската поддршка за Украина не е „бланко чек“, бидејќи таа земја покажала интегритет и транспарентност во примањето помош. „Ова е однос со голем интегритет, за демократија и слобода во светот“, рече таа.

„Техеран прави голема грешка“

Зборувајќи за беспилотните летала што Иран и ги испорачува на Русија, Пелоси рече дека Техеран прави голема грешка и дека односот меѓу Русија и Иран е порака до оние земји кои се воздржуваат од гласање во глобалните тела кои ги осудуваат постапките на Москва „да размислат повторно“.

Таа нагласи дека Украина постигнува „одредени успеси“ против беспилотните летала. „Тоа е опасна технологија која мора да се запре“, рече Пелоси.