петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пенс и Помпео со различни авиони одпатува во Турција

Пенс и Помпео со различни авиони одпатува во Турција

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс и американскиот државниот секретар Мајк Помпео ја посетуваат Турција за да обезбедат прекин на огнот во турската инвазија на северна Сирија. Помпео на пат кон Турција на новинарите во неговиот авион им рекол дека имаат мисија за видат дали може да постигнат прекин на огнот.

Пенс и Помпео во Турција отпатуваа со различни авиони со намера да се сретнат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека верува оти Пенс и Помпео ќе имаат успешна средба во Турција.

Турција една пред неколку денови започна офанзива во Сирија, велејќи дека сака да се справи со курдските сили и да воспостави тампон зона за преселување на сириските бегалци.

Овој потег на Турција се случи по ненадејната одлука на Трамп минатата недела да ги повлече американските сили од североисточна Сирија. Американските сили ги поддржуваа курдските борци кои се борат со организацијата Исламска држава.

Трамп рече дека ако разговорите за прекин на огнот не успеат, ќе следат санкции кои ќе бидат погубни за турската економија.

Во меѓувреме беше објавено и писмо кои Трамп му го напишал на Ердоган на денот на офанзивата, во кое го советува да не биде будала.

„Не саката да бидете одговорен за масакар на илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, напишал американскиот претседател. Писмото е од 9 октомври, а агенцијата АФП добија потврда дека писмото е автентично.