Припадник на американската морнарица рани тројца цивили на Хаваи, вработени во Секретаријатот за одбрана, по што изврши самоубиство, соопшти американската војска.
Вооружениот инцидент се случи на военото бродоградилиште во Перл Харбор. Мотивот и идентитетот на морнарот кој пукаше не е откриен, пренесува „Гласот на Америка“.
Заедничката база Перл Харбор – Хикам, еден од најголемите објекти на американската морнарица, објави на Твитер дека пукањето се случило околу 15 часот.
Две болници потврдија дека ги згрижиле повредените, но не објавија податоци за нивната здравствена состојба.