На „Телеграм“ повторно се појавила група во која луѓето од Балканот испраќаат интимни фотографии на девојки од Србија и околните земји, а се уште нема информации дали има и девојки од Македонија. Досега се споделени повеќе од 11.000 фотографии и снимки од девојки.
Групата „Перверзии на Балканот“, која наводно е направена од помлада жена регистрирана како Кристина, брои 26.590 членови кои секој ден си испраќаат порнографија.
Во групата има симнати фотографии од порно страници, но и приватни интимни фотографии на девојки и жени од Балканот. На некои од нив има и имиња од девојките.