четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Песков за Си-Ен-Ен : Путин е подготвен да преговара

Песков за Си-Ен-Ен : Путин е подготвен да преговара

Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, во изјава за Фредерик Плајтген од Си-Ен-Ен кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара“, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.

-Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија, рече Песков. „Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот.

Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара.

Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на претседателот Путин му соопшти дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.