Сојузниот суд на Соединетите Американски Држави го осуди демонстрантот Роберт Палмер, кој учествуваше во упадот на Капитол на 6 јануари, на повеќе од пет години затвор.
Тоа е највисоката досега изречена казна за учество во упадот на зградата на Конгресот на САД.
Во обвинението се наведува дека Палмер на полицијата фрлил дрвена талпа и средство за гасење на пожар, како и дека, потоа, нападнал полициски службеници со шипка.
Палмер се изјасни како виновен за напад врз полицајци.
Тој, во писмо до судијата, наведе дека го издале поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите сојузници, кои изнесувале теории на заговор.
„Поддржувачите на Трамп постојано изнесуваа лажни тврдења за украдени извори и порачуваа дека наша должност е да ѝ се спротивставиме на тиранијата“, кажа Палмер.
Тој е меѓу првите учесници на немирите од 6 јануари кој е осуден за обвиненијата за напад, пружање отпор или попречување на службено лице со употреба на оружје.
Пред таа пресуда, најдолгата затворска казна му беше изречена на Џејкоб Ченсли, познат како „Кјуанон шаман“ и на Скот Ферлемб.