Во синоќешниот вооружен напад пред студентскиот дом на Државниот универзитет Морган во Балтимор, САД, повредени се пет лица, но ниту еден од нив не е во критична состојба.
Полицијата во Балтимор синоќа околу 21 часот и 30 минути добила информација за напаѓачот, поради што кампусот бил блокиран четири часа.
Полицијата соопшти дека во нападот повредени се четворица мажи и една жена, на возраст од 18 до 22 години. Четворица од петте повредени се студенти.
Полицијата не соопшти дали некој е уапсен, ниту информации за осомничениот напаѓач или напаѓачите. (МИА)