вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пет мртви во пукање во Кентаки

Пет мртви во пукање во Кентаки

Пет лица, вклучително и напаѓачот кој си го одземал живот, се убиени во пукање на две локации на североистокот на американската сојузна држава Кентаки, објави полицијата.

Полицијата примила пријава за престрелка околу 16 часот по локално време во близина на Пејнтсвил, околу 260 километри југоисточно од Луизсвил, објави шерифот на округот Џонсон, Двејн Прајс.

„Станува збор за стравичен убиствен поход“, изјави Прајс.

Полицијата го идентификувала напаѓачот како извесен Џозеф Никел, но други информации за него не се откриваат. Идентитетот на жртвите не е објавен.

Пукањето се случи три седмици откако во истата сојузна држава јавноста беше потресена од вестите за пукање во средно училиште во местото Бентон во кое беа убиени двајца ученици а ранети уште 18.