петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада

Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска оствари работна средба со еврокомесарот за доброоседска политика и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во зградата на бугарската Влада Петков и Верхеји разговараат за актуелните прашања од европската агенда, а меѓу темите се и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина.

Во разговорот Петков посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа.