Најмалку пет луѓе загинаа во снежната бура што погоди делови од Калифорнија.
Во планинската област на Сиера Невада падна повеќе од 1,5 метри снег.
Според метеоролозите се очекуваат нови снежни врнежи во текот на претстојниот викенд, посебно на Карпестите планини и американскиот Средниот Запад.
Од вторникот во сила е наредбата за евакуација на населението од некои делови на Лос Анџелес и на Санта Барбара поради опасност од одрони во подрачјата кои минатата година беа зафатени од пожари.
МИА