недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пиеле алкохол за дезинфекција, починаа седум лица во Камбоџа

Пиеле алкохол за дезинфекција, починаа седум лица во Камбоџа

Министерството за здравство на Камбоџа денеска соопшти дека седум работници починале откако испиле алкохол наменет за дезинфекција, кој го помешале со вода и безалкохолни пијалаци.

Работниците се вратиле од Тајван и биле ставени во карантин поради епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството.

Се додава дека поради труење во болница се префрлени 12 работници. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење.

Експертите зеле примероци од пијалакот и ги однеле на анализа во лабораторија.