понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пијана балерина направила хаос на аеродром: Тројца полицајци се виткаа од болка поради неа

Пијана балерина направила хаос на аеродром: Тројца полицајци се виткаа од болка поради неа

Дијана Андреас Ривера е 33-годишна балерина од Мадрид, која на лондонскиот аеродром Хитроу физички ги нападнала полицајците, зашто сакале да и забранат да се качи на авион, поради видно алкохолизираната состојба.

Бидејќи во петокот го загубила сместувањето во Лондон, решила да се врати дома, во Шпанија. Според британските медиуми, балерината на аеродромот дошла толку пијана, што не била во состојба да си го најде пасошот, па полицајците и забранија да се качи во авионот. Тоа на балерината воопшто не и се допаднало, така што нападнала тројца полицајци на терминалот.

„Кога полицајците се обидоа да ја одведат во полициската станица, таа го гризна едниот од нив за рака и почна да го удира и гребе“, изјави нејзиниот адвокат.

Друг полицаец се обидел да ја задржи, но таа станала уште поагресивна – го удрила во препоните толку силно, што тој бил свиткан во болка. Во обид да стави крај на инцидентот, интервенирал и трет полицаец, но тој не поминал ништо подобро од неговите колеги – балерината му ги зарила ноктите.

На крајот, меѓу нејзините лични предмети бил пронајден нож.

„Ривера не нападна никого со нож, таа заборавила дека го имала со себе“, посочи нејзиниот адвокат.

Дајани сега се соочува со затворска казна за поседување ладно оружје и напад на тројца службени лица, а пресудата ќе биде донесена во вторник.