петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат

Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат

Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат.

Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на Луфтханза од Германија.

VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.